Иницијативата „Младински Фронт“ остварувајќи ги ,своите заложби за воспоставување на „мерит“ системот, односно вработување на мпадите по нивните способности, капацитети и знаења, наспроти „споилс“ системот, или, вработувањето по партиски основ, денес го организираше настанот „Младите против невработеноста“.
Нашиот интернет портал www.mkfront.com , кој отпочна во рамки на оваа иницијатива ќе биде гласот на младите. Ќе биде нивниот Хајд Парк. Виртуелен и јавен простор, каде младите ќе можат да ги лоцираат проблемите, да понудат решенија, да изнесат свој став и размислување за се она што ги оптоварува, пред се невработеноста и иселувањето како резултат на тоа.

Почитувани,
Ви благодариме на поддршката.
Ние сме тука за Вас.
Младите се иднината.

Прилеп, 05.04.2014





Оставете ни коментар!

Добрите лидери прво мора да бидат добри службеници...