Виктор Кусески – „Мојата Приказна“

За пошироката јавност, кажете ни нешто повеќе за Вас самите. Што сте по образование и струка, и дали бевте работно или професионално ангажиран во Прилеп?

  • Виктор Кусески, роден сум 1992 година во Прилеп, а моментално се наоѓам во Чикаго, Соединетите Американски Држави. Основното образование го завршив во Прилеп, а средното во медицинското училиште во Битола како физиотерапевт. Иако после завршување на средно медицинско, логиката на нештата вели дека би требало да продолжам на некој од смеровите на медицинскиот факултет, сепак, јас одлучив високо образование да запишам на економскиот факултет во Прилеп, каде имам уште неколку испити до дипломирање.

Повеќе

Сања Петреска – „Мојата Приказна“

За пошироката јавност, кажете ни нешто повеќе за Вас самите. Што сте по образование и струка, и дали бевте работно или професионално ангажиран во Прилеп?

  • Се викам Сања Петреска и имам 21 година. Завршив во средното економско училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ во Прилеп во насоката економски техничар. Економијата како основна алатка која ги поврзува сите параметри од државното и општествено функционирање, отсекогаш ме фасцинирала. Затоа и некако логично беше да го продолжам моето образование на Економскиот Факултет во Прилеп, каде се запишав на смерот Е-бизнис и каде што моментално сум апсолвент. Како директен мој ангажман, можам да ја издвојам праксата во Тутунска банка и во Поштата во Прилеп.

Повеќе

Петар Велевски – „Мојата Приказна“

За пошироката јавност, кажете ни нешто повеќе за Вас самите. Што сте по образование и струка, и дали бевте работно или професионално ангажиран во Прилеп?

  • После успешно завршеното средно образование во училиштето „Ристе Ритески Ричко“ на смерот електротехничар електроничар, се запишав на Економскиот факултет во Прилеп. Додека студирав работев во неколку кафулиња во Прилеп, меѓутоа после извесно време во недостиг на соодветна работа со мојата професионална определба, одлучив да градам кариера на брод, не затоа што ми било животна желба да работам на брод, туку во моментот како и на многу мои другари – врсници, ми изгледаше како единствен начин да успеам да обезбедам некаков достоинствен приход.

Повеќе

Катерина Котеска – „Мојата Приказна“

За пошироката јавност, кажете ни нешто повеќе за Вас самите. Што сте по образование и струка, и дали бевте работно или професионално ангажиран во Прилеп?

  • Завршив на средното економско училиште„Кузман Јосифоски – Питу“ како економски асистент, и сметав дека можам да започнам одма со работа. Најпрво бев ангажирана во салон за автомобили „Автовиза“ каде поминав 4 години, а потоа станав и раководител на сопствен бизнис за продажба и инсталација на ламинатни подови. После моето работно искуство сметав дека треба да продолжам да се усовршувам и имав потреба од дообразување, па се запишав на Универзитетот на југоисточна европа, Факултет за јазици, култура и комуникација на смерот комуникациски науки и технологии. Паралелно со студиите волонтирав во невладиниот секторот преку кој успеав да аплицирам како европски волонтер во Шпанија, Франција и Финска и добив одобрување за европски волонтер во Франција за период од една година – 2012/13.

Повеќе

Дарко Чергоски – „Мојата Приказна“

За пошироката јавност, кажете ни нешто повеќе за Вас самите. Што сте по образование и струка, и дали бевте работно или професионално ангажиран во Прилеп?

  • Несмасен демократ, трагач по вистината и прилепчанец. Завршив на факултетот за Администрација и менаџмент на информациски системи и за жал во агенцијата за вработување немам ниту еден ден работен стаж. Тука, би искажал голема благодарност до владејачката гарнитура за можноста практично да се усовршам во лепење плакати и делење пропаганден материјал.
    На бојното поле со нелојална конкуренција застанал скоро секој од нас во обид да стапне на „заштитено“ тло, кое некако кај нас се сведува на редовен работен однос со минимални примања. Работите како што се патувања, одвојување време за себенаобразба, во македонскиот систем за мене се непознати дури и непрактични. Ваквите пранги на општествениот симбол на обичниот живот, не само што ме отрргнуваа од идејата да пробам да бидам слободен, туку и ги уништуваат оние палави соништа, кои ги гаиме во себе дека еден ден ќе биде поразлично. Концептот на иднината е толку изопачен во Македонија што јас се почуствував како да открив нова цивилизација тука, во САД. Да не должам, вонземјани постојат. Тука се, во највисокиот пирамидален дел на делење на колачот во Македонија и не одат во Охрид на одмор.

Повеќе

Андријана Ѓорѓиеска – „Мојата Приказна“

За пошироката јавност, кажете ни нешто повеќе за Вас самите. Што сте по образование и струка, и дали бевте работно или професионално ангажиран во Прилеп?

  • Успешно го завршив средното медицинско училиште како медицинска сестра – техничар, а потоа дипломирав на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ – Битола на смерот општа психологија. Во Прилеп не бев работно ангажирана, и опциите кои ги имав пред да заминам не ги исполнуваа моите амбиции. Едноставно, во и така малиот спектар на опортунитети, опцијата за работа на брод беше најпримамлива.

Повеќе

Јане Коруноски – „Мојата Приказна“

За пошироката јавност, кажете ни нешто повеќе за Вас самите. Што сте по образование и струка, и дали бевте работно или професионално ангажиран во Прилеп?

  • Студирам Психологија на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Битола.
    Завршено средно образование Електротехничар за Компјутерска Технологија и Автоматика при С.О.У. Ристе Ристески – Ричко во Прилеп.

Повеќе

Оставете ни коментар!

Добрите лидери прво мора да бидат добри службеници...